Ikrame Imane Kouachi
14 Декември 2024•Ажурирај: 15 Декември 2024
АНКАРА (АА) - Најмалку 55 Палестинци се убиени во израелските напади во Појасот Газа во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на убиени во израелскиот геноцид од минатата година достигна 44.930, објави денес Министерството за здравство на палестинската енклава, известува Анадолу.
Во соопштението на палестинското Министерство се додава дека приближ 106.624 Палестинци се повредени во израелските напади.
„Израелските сили убиле 55 луѓе, а раниле 170 во последните 24 часа“, соопшти Министерството.
Во соопштението се додава дека многумина сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив.
Израел започна геноцидна војна во Појасот Газа по прекуграничен напад на палестинската група Хамас во октомври минатата година.
Втората година од израелскиот геноцид во Газа наидува на сѐ поголема меѓународна осуда, а официјалните лица и институции ги означуваат нападите и блокирањето на испораката на помош како намерен обид за уништување на населението.
На 21 ноември, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во Газа.