Mustafa Deveci
11 Декември 2018•Ажурирај: 11 Декември 2018
КУДС (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дела сѐ додека е на власт, еврејските доселеници нема да ги напуштат нелегалните еврејски населби во окупираниот Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Нетанјаху, на отворањето на проектот за изградба на патот во близина на нелегалната еврејска населба Гева Бинјамин, која се наоѓа на Западен Брег, зборуваше за актуелните теми.
Нетанјаху тврди дека Западен Брег им припаѓа на предците на Евреите, и дека ќе продолжи со изградба на нови згради во нелегалните еврејски населби во ова подрачје.
„Нашите непријатели се обидуваат да нѐ отстранат оттука, но сѐ додека јас сум премиер на Израел, ниту еден Евреин нема да биде принуден да го напушти својот дом“, истакна Нетанјаху, упатувајќи порака дека нема да бидат напуштени нелегалните еврејски населби на Западен Брег.
На Западен Брег, окупиран од страна на Израел по војната во 1967 година, се наоѓаат околу 250 нелегални еврејски населби, во кои живеат над 600.000 еврејски доселеници.
Според меѓународното право, сите еврејски населби во окупираните територии се сметаат за нелегални.