Mahmoud Mohamed Barakat
20 Април 2020•Ажурирај: 21 Април 2020
ЕРУСАЛИМ
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и опозицискиот лидер Бени Ганц денес се согласија да формираат Влада на национално единство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Лидерот на владејачката партија Ликуд, Нетанјаху, и неговиот политички ривал Ганц, кој е лидер на Партијата Сино-бели, се согласија да формираат влада по неуспесите поради кои во тек на една година беа одржани три парламентарни избори.
Израел се соочува со политичка криза од април 2019 година кога изборите не успеаја да создадат владејачка коалиција. Трите последователни избори исто така беа неубедливи.
Периодот што го даде израелскиот претседател Рувен Ривлин за формирање влада заврши минатата недела, а задачата за именување на нов кандидат за премиер е предадена на Кнесетот.
Во рамките на законот, Кнесетот има 21 ден да формира Влада со мнозинство од 61 глас.
Доколку ниту еден член не ја постгне целта во рамките на зададениот рок, Кнесетот ќе биде распуштен на 7 мај, и ќе бидат свикани четврти последователни општи избори до 4 август.