Hasan Esen
20 Април 2020•Ажурирај: 21 Април 2020
ЛОНДОН
Бројот на починати од последиците на Ковид-19 во Велика Британија се зголеми за 449 и сега надминува бројка од 16.500 починати, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Велика Британија денес соопшти дека бројот на починати од последиците на Ковид-19 се зголемил на 16.509 лица, додека бројот на новодетектирани случаи на заразување е поголем за 4.676 и изнесува 120.067.
Во последните 24 часа се тестирани 14.106 лица, со што до сега во земјата се направени вкупно 501.379 тестирања на коронавирус.
Од 10 април, кога починаа 980 лица, најмногу во еден ден, во Велика Британија е забележан константен пад на смртните случаи на дневно ниво.
Сепак, не е познат точниот број на починати од Ковид-19, бидејќи постоечките податоци се однесуваат само на лицата кои починале во болниците.
Мерката за делумен карантин, која истече на 16 април, а која британските власти ја воведоа во рамките на борбата против ширењето на пандемијата на Ковид-19, ќе остане на сила уште најмалку три недели.