ВИЕНА/ПАРИЗ
- Ашкин КИЈАГАН / Јусуф ОЗЏАН
Исламофобијата, која во текот на последните години бележи значаен раст во Европа, уште повеќе се продлабочува со дискурсот и политиките на 42-годишниот француски претседател Емануел Макрон и 33-годишниот австриски канцелар Себастијан Курц, а за чии политички искуства се водат дискусии, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чекорите кои тие двајца ги направија, кои се предводници на сѐ поголем притисок над муслиманите во Европа под изговор борба против „политичкиот ислам“, со желба да останат на власт и да ја зголемат поддршката на гласачите, нанесоа штета на заедничкиот живот и додатно ги поттикнаа сегрегацијата и судирите во европското општество во кое живеат 35 милиони муслимани.
Макрон и Курц, кои провокативната политика и дискурси на екстремно десничарските партии кон мигрантите, странците и муслиманите, ја преместуваат во десниот центар, спроведоа закони кои ја ограничуваат слободата на верување на муслиманите и имаат за цел сузбивање на нивните темелни права.
Убиството на учителот во Франција, на 16 октомври и терористичкиот напад во Австрија на 2 ноември во кој се убиени четири лица, ги зближија Макрон и Курц, правејќи ги притоа видливи актери на антиисламските кампањи во Европа
Макрон и Курц, имајќи ги за цел муслиманите со сегрегациската и дискриминаторска политика во Европа, каде што милиони муслимани живеат со децении, низ еден безграничен субјективен израз како што е „политичкиот ислам“, ја загрозуваат иднината на стариот континент.
Себастијан Курц, кој дојде на власт во својата 31. година, како најмлад австриски канцелар во историјата, се истакна преку добрите односи со Турците, муслиманите и странците во првите години од својата политичка кариера.
Курц, кој е именуван и за секретар за прашањата за интеграции при Министерството за внатрешни работи на Република Австрија, тогаш беше при став дека интеграцијата не треба да се сведува на прашањето за носење или неносење марама.
Тој успеа да стане истакната политичка фигура меѓу малцинствата, посетувајќи ги џамиите и здруженијата кои припаѓаат на муслиманите.
Кога Курц со 27 години стапи на должност како најмлад министер за надворешни работи во земјата, изгледаше дека е далеку од негативните антитурски и антимуслимански ставови.
По неуспешниот обид за пуч на терористичката организација ФЕТО во Турција, во јули 2016 година, кај Курц, барем во односот кон Турција и турската заедница во неговата земја, се забележува малку поразличен став.
Курц тогаш очигледно донесе заклучок дека неговата Австриска народна партија (OVP), партија на десниот центар, која изгуби многу од својата моќ наспроти социјалдемократите и партиите на есктремната десница, би можел преку антитурскитот став да ги врати своите гласови, па дури и да собере симпатии од есктремните десничари.
Курц, кој покрај министер за надворешни работи, беше и секретар за интеграции, го промени и Законот за исламот, кој е на сила од 1912 година и според кој исламот како религија е официјално признат во земјата.
Муслиманите, кои со измените на овој закон, изгубија многу од своите права, ги изгубија и своите автономни структури како што е тоа и кај другите верски заедници, и ставени се под контрола на владиниот Оддел за верски прашања. Со новиот Закон за исламот е забранета работата на имамите од странство во Австрија, дозволено е затворање на верски институции и организации без конкретни докази, односно овозможено е многу полесна интервенција во внатрешните прашања на муслиманите во таа земја.
Курц, кој во мај 2017 година беше избран за претседател на Австриската народна партија, во декември истата година во коалиција со Слободарската партија на Австрија (FPO) ја презеде власта во земјата. Еден од првите чекори на новата власт беше измена на законите кои се однесуваат на муслиманите и мигрантите.
Ограничувајќи ги правата на барателите на азил, Курц го усвои законот со кој се забранува покривање на цело лице, познат како Закон за забрана за носење бурка на јавните места. Подоцна забрани носење марами и во градинките, иако на тие места речиси никој и не носи.
Курц, кој ја прошири забраната за носење марами, истата забрана ја пренесе и на основните училишта, заговарајќи го тоа и во средните училишта. Истовремено, во земјата е започната дискусија, дека забраната за носење марами треба да се однесува и на учителите.
Курц, дејствувајќи под водство на антиисламските и антимуслимански т.н. експерти за ислам, во 2018 година на австриската јавност ѝ го претстави дотогаш непознатиот концепт на „политички ислам“.
Изразот „политички ислам“ што никогаш порано не се спомнуваше во извештаите за безбедност, кои секоја година редовно ги објавува Одделот за заштита на Уставот и антитероризмот, по воведувањето на овој израз од страна на Курц стана „најопасен“ термин во земјата.
Власта на Себастијан Курц, која го зголеми притисокот на муслиманите по терористичкиот напад на 2. ноември, под изговор борба против тероризам, приведе, на јавноста добро познати, 30 муслимански активисти и академски работници, третирајќи ги како терористи.
Курц и неговиот тим, кој по последниот терористички напад подготвуваат нов закон за тероризмот, наречен „антитерористички пакет“, планираат сѐ уште нејасниот термин „политички ислам“, на јавноста да ѝ го претстават како елемент на злосторство, а крајната цел е под изговор „борба против политичкиот ислам“, условите за живот на муслиманите да се направат уште понеподносливи во неговата земја.
Предлог-законот наречен „Исламистички сепаратизам“, кој го подготви администрацијата на Макрон и кој ќе биде предаден на Советот за министри наредниот месец, има за цел зајакнато да го контролира финансирањето на џамиите, со притисок врз муслиманите да ја зголеми контролата на муслиманските здруженија и да го спречи доаѓањето на верските службеници од странство.
По убиството на учителот Самуел Пати во Франција на 16. октомври, зајакнати се чекорите на администрацијата на Макрон против муслиманите и нивните здруженија.
Администрацијата на Париз како мета ги зеде муслиманите кои немаа никаква поврзаност со убиството, и затвори голем број муслимански здруженија и невладини организации користејќи нелегални методи.
Со ваквиот притисок подготвен е терен за многу напади врз исламот и муслиманите, по што на тоа поле е забележан и значаен раст на таквите напади.
Во Франција веќе долго време се одржуваат демонстрации поради економската и социјална политика која Макрон ја спроведуваше откако ја презеде должноста претседател.
Исцртајќи во очите на Французите профил на „неуспешен и неискусен“ претседател поради својата неспособност да управува со кризата во државата, Макрон на нишан ги стави муслиманите од страв на губење гласови пред претседателските избори во Франција закажани за 2022 година.
Експертите, сето она што во текот на последните недели им е сторено на муслиманите во Франција, го протолкуваа како подготовка за нов терен.
Изјавите на министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманин, дека му пречат одделите за халал производи во маркетите, изјавите на другите политичари со кои на муслиманите едноставно не им се дозволува да живеат во Франција, порастот на случаи на напади врз муслиманите, затворањето на џамиите и муслиманските здруженија, приведувањето на четири муслимански деца и нивното 11-часовно испитување и третирање како да се терористи, поведувањето истрага против 12-годишно дете за терористичка пропаганда - сите тие се случаи од голема важност во смисла одвлекување на вниманието од димензиите на исламофобијата во Франција, која непрекинато повикува на „владеење на законот“ и „човековите права“ во неразвиените земји.
Експертите, дискриминацијата со која се соочуваат муслиманите во Франција ја споредуваат со методите што биле применувани над Евреите во Европа пред Втората светска војна.
Додека е присутно таквото репресивно опкружување во земја каде што администрацијата на Макрон практично им ја одзеде можноста и правото на муслиманите слободно да се изразуваат, може да се заклучи дека слободата на изразување, со која Франција непрекинато се фали, не се однесува на муслиманите.
Француските експерти порачуваат дека Макрон всушност се обидува муслиманите да ги поистовети со терористите.
Макрон во изјавата што ја даде по нападот во Виена, главниот град на Австрија, овој напад го опиша како „исламистички тероризам“ и го отвори патот во Австрија да се спроведува истата дискриминаторска политика што ја спроведуваше кон муслиманите во Франција.
Макрон нагласи дека овој напад бил „особено насочен кон вредностите на Европа“, сигнализирајќи дека оваа политика сака да ја прошири по целиот континент, што е и потврдено со минатонеделниот состанок на лидерите на Германија, Австрија, Холандија и Европската унија (ЕУ), одржан на иницијатива на Макрон.
news_share_descriptionsubscription_contact
