Ruslan Rehimov
19 Ноември 2020•Ажурирај: 20 Ноември 2020
БАКУ (АА) - Во согласност со Договорот за примирје потпишан помеѓу Азербејџан и Ерменија во посредство на Русија, ерменските сили како и Ерменците кои отпосле се населиле во некои села, го напуштаат Агдам, каде што сега се позиционира азербејџанската војска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На снимките споделени на социјалните мрежи се забележува како оклопните возила на азербејџанската војска се движат кон Агдам, додека Азербејџанците кои се наоѓаат покрај патот, извикуваат пароли за поддршка.
Меѓу другото, ерменската војска која продолжува да се повлекува од подрачјето на Агдам, ги запали караулите, зградите и контролните точки кои ги користеше.
Снимките се направени во подрачјата на линијата на фронтот кои се под контрола на Азербејџан, и во нив се забележува чад на позициите на кои се наоѓа ерменската војска.
Според договорот постигнат помеѓу Азербејџан и Ерменија во врска со кризата во Нагорно Карабах, ерменските сили до 20 ноември треба целосно да се повлечат од Aгдам.
Околу 77 отсто од градот Aгдам беше окупиран во 1993 година од страна на ерменската војска. Како резултат на оваа окупација, околу 200.000 Азербејџанци биле принудени да го напуштет својот роден крај.