Најмалку 5 лица загинаа, а 63 се повредени од експлозија во магацин за оружје во северна Сирија
- 15 експлозии се пријавени во магацин за оружје и муниција во градот Кафрија во северната рурална област на Идлиб, информираа локални извори

ИДЛИБ (АА) – Најмалку пет лица загинаа, а 63 други се повредени во повеќекратни експлозии што се случија денес во магацин за оружје во покраината Идлиб, северна Сирија, известува Анадолу.
Околу 15 експлозии се случија од непознати причини во магацин за оружје и муниција во градот Кафрија, во северната рурална област на Идлиб, информираа локални извори.
Здравствени службеници соопштија дека повредените се префрлени во најблиските болници.
Од експлозиите се оштетени и блиските објекти.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.