Ikrame Imane Kouachi
22 Септември 2024•Ажурирај: 23 Септември 2024
ГАЗА (АА) - Најмалку 17 Палестинци се убиени, а десетици се повредени во новите израелски бомбардирања денес врз Појасот Газа, потврдија медицински извори, известува Анадолу.
Медицински извор соопштија дека шест Палестинци се убиени, а неколкумина се повредени во израелски напад врз училиштето Кафр Касим, во бегалскиот камп Шати, западно од градот Газа, каде илјадници раселени цивили побараа засолниште.
Тој додаде дека други четири лица се убиени, а 15 се повредени во напад на населено место во централниот град Деир ал Балах. Неколку лица се повредени и во израелски напад на друг локалитет во истиот град.
Четири лица се убиени во израелски воздушен напад врз населено место северно од Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, соопшти друг медицински извор.
Две лица ги загубија животите од артилериско гранатирање на градот Кузаа, источно од Хан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа.
Еден цивил загина, а друг е повреден кога израелско беспилотно летало гранатирало група цивили западно од бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа.
Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година.
Оттогаш, во израелските напади врз Појасот Газа се убиени околу 41.400 Палестинци, главно жени и деца.
Израел е обвинет за геноцид од страна на Меѓународниот суд на правдата.