Burç Eruygur
22 Септември 2024•Ажурирај: 24 Септември 2024
ХАРКОВ (АА) - Најмалку 21 лице се повредени во раните утрински часови во руски воздушен напад врз градот Харков во североисточна Украина, соопштија локалните власти, известува Анадолу.
Гувернерот на Харков Олех Синјехубов на Телеграм објави дека два наведувани проектили погодиле 16-катница и 9-катница во Шевченковски.
Тој додаде дека меѓу повредените има жени и деца.
„Досега се хоспитализирани 8 лица. Двајца (17-годишно момче и 39-годишна жена) се во тешка состојба“, изјави Синјехубов.
Украинската државна служба за итни случаи соопшти дека од погодената 16-катница се евакуирани 68 лица, додавајќи дека 44 припадници на итната служба учествуваат во операцијата за пребарување и спасување.
Украинското воздухопловство објави дека нивната противвоздушна одбрана соборила 71 од 80-те беспилотни летала кои полетале од Русија.
Тврдејќи дека Русија лансирала и две наведувани ракети Kh-59/69, украинските воздухопловни сили соопштија дека воздушната одбрана дејствувала во регионите Хмелницки, Виниција, Черкаси, Кировоград, Житомир, Киев, Суми, Полтава, Херсон и Николаев.
Руските власти не ги коментираа овие тврдења.
Харков, вториот по големина град во Украина, кој се наоѓа на околу 30 километри од руската граница, редовно е цел на воздушни напади, кои се интензивираа откако Русија се обидува да ја наруши одбраната на Украина во поширокиот регион од почетокот на мај.
Во повеќе од двегодишниот војна, Русија во североисточниот регион отвори нов фронт, кој досега беше концентриран на истокот и југот на Украина.