Речиси 50 Палестинци се убиени, а 100 се повредени во израелски напади врз Газа вториот ден од Курбан бајрам
- Шест деца се убиени, повеќе од 50 повредени кога израелски воени авиони со две ракети погодија станбена зграда во градот Газа убивајќи најмалку 15 Палестинци, меѓу кои 6 деца, и ранија над 50

ГАЗА (АА) - Речиси 50 Палестинци беа убиени, а околу 100 се повредени вториот ден од Курбан бајрам во воздушните напади и истрели од огнено оружје на израелските сили во неколку подрачја на Појасот Газа што започнаа ова утро, објавија палестински извори, известува Анадолу.
Медицински извори за Анадолу истакнаа дека најмалку 15 Палестинци се убиени, вклучувајќи шест деца, а над 50 се повредени кога израелските воени авиони погодија станбена зграда со две ракети во населбата Сабра во градот Газа.
Спасувачките екипи на терен стравуваат дека бројот на жртви може да се зголеми на повеќе од 30, бидејќи голем број луѓе сè уште се водат за исчезнати и можно е да се заробени под урнатините.
Дванаесет лица, меѓу кои и четири члена на семејство, беа убиени, а повеќе од 40 други се ранети во израелско гранатирање кое ги таргетираше шаторите во кои се сместени раселени Палестинци западно од Хан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа.
Уште 7 Палестинци се убиени во израелски воздушен напад чија цел беше куќа во која се сместени раселени лица западно од градот Газа.
Двајца Палестинци се убиени кога израелската артилерија таргетираше група цивили во населбата Ал-Сафтави во северниот дел на Газа.
Најмалку тројца Палестинци се убиени во воздушен напад насочен врз група цивили во областа Абу Шрек, западно од бегалскиот камп Џабалија.
Уште 3 Палестинци, меѓу кои и едно дете, се убиени во одделни напади во близина на станицата Ал-Муџајда во истото подрачје.
Покрај ова, 6 Палестинци се убиени од израелските сили во близина на центар за дистрибуција на помош западно од Рафа, а неколкумина се ранети.
Вкупниот број на Палестинци убиени од страна на Израел додека се обидувале да дојдат до хуманитарна помош од 27 мај досега се зголеми на 115, а повеќе од 580 се ранети, додека 9 лица се водат за исчезнати, според податоците до кои дојде Агенција Анадолу, врз основа на информации добиени од палестински извори.
Само во петокот, првиот ден од Курбан Бајрам, 33 Палестинци беа убиени во израелски воздушни напади и гранатирање на неколку области во Појасот Газа.
Ова е четвртиот Курбан Бајрам за жителите на Газа откако Израел започна геноцидна војна во која досега се убиени речиси 54.800 Палестинци. Поради блокадата на Појасот Газа од страна на Израел, палестинската енклава се соочува во глад и притисок за разелување од подрачјето.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.