Тажен Бајрам во Газа - молк меѓу урнатините и гробовите на најблиските
- Голем број деца, придружени од своите семејства, утрово ги посетија гробовите на своите најблиски за да им оддадат почит и да читаат молитви

ГАЗА (АА) – По утринската молитва по повод Курбан Бајрам, палестинските деца ги посетија гробиштата во областа Нусејрат во централна Газа, која и понатака останува под израелска блокада и напади, известува Анадолу.
Покрај тешките услови за живот и континуираната брутална агресија од страна на Израел, жителите на Газа го одбележаа еден од најважните муслимански празници.
Голем број деца, придружени од своите семејства, утрово ги посетија гробовите на своите најблиски за да им оддадат почит и да читаат молитви.
Ситуацијата во Појасот Газа останува исклучително тешка, имајќи предвид дека Палестинците се соочуваат со ограничен пристап до основните животни потреби и интензивни напади од страна на Израел, кои продолжуваат дури и за време на верските празници.
Израел, отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, спроведува геноцидна офанзива врз Газа од октомври 2023 година, убивајќи повеќе од 54.600 Палестинци, претежно жени и деца. Хуманитарните организации предупредуваат на ризик од глад кај повеќе од 2 милиони Палестинци кои живеат во енклавата.
Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со обвинение за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за воени злосторства против цивилите во енклавата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.