свет

Израелската армија уби 11 Палестинци првиот ден од Курбан Бајрам

- И покрај празникот, голем број Палестинци меѓу урнатините на уништените домови ја извршија утринската молитва по повод Курбан Бајрам

Ikrame Imane Kouachi  | 06.06.2025 - Обновена : 07.06.2025
Израелската армија уби 11 Палестинци првиот ден од Курбан Бајрам

АНКАРА (АА) - Израелските сили продолжија со своите брутални напади и не ги поштедија Палестинците ниту првиот ден од Курбан Бајрам, еден од најсветите исламски празници. Израел спроведе серија воздушни и артилериски напади низ Појасот Газа ова утро, при убивајќи најмалку 11 Палестинци, и повредувајќи голем број, информираа очевидците и медицинските извори, известува Анадолу.

И покрај празникот, голем број Палестинци меѓу урнатините на уништените домови ја извршија утринската молитва по повод Курбан Бајрам, а геноцидната војна на Израел продолжува да ја уништува опколената палестинска енклава.

Во јужна Газа, израелски воени авиони извршија повеќе напади врз Хан Јунис, додека со тешка артилерија ги таргетираа станбените населби во централниот, северниот и источниот дел од градот, информираа очевидци.

Столбови од чад се издигаа над јужен Хан Јунис додека се интензивираа гранатирањата и воздушните напади.

Медицински извори соопштија дека е убиени едно дете од израелските сили во близина на зона Ал-Сараја во Хан Јунис. Друг цивил им подлегнал на повредите здобиени во претходниот израелски напад врз градот.

Четири Палестинци се убиени, а неколкумина се повредени кога израелски дрон погоди станица за полнење мобилни телефони поставена меѓу шаторите во кои се сместени раселените семејства западно од Хан Јунис.

Во Рафа, израелските сили убија уште четворица Палестинци во близина на центар за дистрибуција на помош, на истите локации кои беа цел на смртоносни израелски напади од нивното поставување кон крајот на минатиот месец.

По израелскиот воздушен напад врз градот Абасан ал-Кабира, источно од Хан Јунис, спасувачките екипи извлекле едно тело од урнатините.

Очевидците информираа и дека израелските трупи продолжуваат да ги уриваат згради во северниот дел на Хан Јунис.

Во северна Газа, Израел изврши интензивно гранатирање врз населбата Ал-Туфа во градот Газа, додека во воздушни напади бомбардиран е градот Џабалија, изјави жителите.

Пред Бајрам, најмалку 41 Палестинец, вклучувајќи деца, жени и новинари, беа убиени во израелски напади во различни подрачја.

Ова е четврт бајрам по ред што се одбележува под сенката на војната во Газа, која е погодена од намерна и систематска кампања на истребување од страна на Израел, од 7 октомври 2023 година.

Израел, отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, спроведува геноцидна офанзива врз Газа од октомври 2023 година, убивајќи најмалку 54.700 Палестинци, од кои повеќето се жени и деца. Агенциите за помош предупредуваат на ризикот од глад кај повеќе од два милиони жители на палестинската енклава.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со обвинение за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за воени злосторства против цивилите во енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.