Еруптира вулканот Фуего во Гватемала, евакуирани стотици луѓе
- Столбови од дим се издигнаа на повеќе од 2.000 метри од ерупцијата на вулканот Фуего, создавајќи облаци од пепел што се шират кон јужните падини на вулканот

ГВАТЕМАЛА (АА) - Столбови од дим се издигнаа на повеќе од 2.000 метри од ерупцијата на вулканот Фуего, создавајќи облаци од пепел што се шират кон јужните падини на вулканот, известува Анадолу.
Поради ерупцијата на вулканот, евакуирани се повеќе од 500 луѓе.
Како дел од планинскиот масив Сиера Мадре, вулканот Фуего се наоѓа на околу 16 километри западно од Антигва, еден од најпознатите градови во Гватемала и позната туристичка дестинација.
Вулканот Фуего лежи во централниот сегмент на вулканскиот појас Сиера Мадре, кој се состои од четири кратери. Секој од кратерите на масивот Сиера Мадре има формирано конусен врв на своите гребени, формирајќи ги вулканите Јепокапа (3.880 м), Акатенанго (3.976 м), Фуего (3763 м) и Месета (околу 3.600 м).
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.