Sayed Khodaberdi Sadat
10 Ноември 2016•Ажурирај: 10 Ноември 2016
КАБУЛ (АА) - Најмалку 11 припадници на терористичката организација ДЕАШ загинаа во источната авганистанска провинција Нангархар, јавува Anadolu Agency (AA).
Атаула Хогјани, портпарол на канцеларијата на гувернерот на Нангархат, за АА изјави дека терористите загинале во воздушен напад што силите на НАТО го извршиле на упориштата на ДЕАШ во областа Ачин.
Хогјани истакна дека во нападите немало цивилни жртви и дека антитерористичките акции на тоа подрачје и понатаму траат.
И пред две недели, во слични акции во подрачјето Ачин загинаа најмалку 13 терористи на ДЕАШ.
Авганистан со години е средиште на длабока безбедносна криза, која се рефлектира во постојаната борба против екстремистите на милитантското талибанско движење, а во последните неколку месеци и терористичката организација ДЕАШ ги интензивираше активностите во таа земја.