Ahmet Furkan Mercan
19 Септември 2022•Ажурирај: 20 Септември 2022
ТОКИО (АА) – Во Јапонија населението на возраст од 75 и повеќе години за прв пат надмина 15 проценти од вкупната популација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во Јапонија, која е лидер во светот со својата постара популација, најновата состојба на населението над 65 и 75 години стана причина за загриженост.
Министерството за внатрешни работи и врски ги ажурираше податоците за постарата популација во земјава во рамки на официјалниот празник 19 септември, Денот на почитта кон старите лица.
Според тоа, населението на возраст од 75 години и повеќе се искачи на 19,3 милиони, а населението на возраст од 65 години и повеќе се искачи на 36,2 милиони.
Во популацијата на Јапонија од приближно 125 милиони, населението на возраст од 75 години и повеќе изнесува 15 проценти, а од 65 години и повеќе 29 проценти.
- Во 2040 година ќе изнесува 35 проценти
Јапонија е на прво место на светската ранг-листа со население на возраст од 65 и повеќе години, која е препознаена како „постара“. На второ место е Италија со 24,1 отсто, а на трето Финска со 23,3 отсто.
Според Националниот институт за студии за население и социјална сигурност (IPSS), до 2040 година, процентот на луѓе на возраст од 65 и повеќе години ќе надмине 35 проценти од популацијата.
Растот на постарата популација претставува проблем во подобрувањето на националниот здравствен систем на Јапонија, зголемувањето на наталитетот и развојот на регионалната заедница.
- Вработувањето на старите лица е во пораст
Според податоците на Владата за 2021 година, вработеноста на лица на возраст од 65 и повеќе години надмина 9 милиони. Оваа стапка се зголемува веќе 18 години последователно.
Од друга страна, бројот на новороденчиња во периодот јануари-јуни годинава првпат падна под 400.000 во однос на првите 6 месеци во последните 22 години.
Според податоците на Министерството за здравство, труд и благосостојба (MHLW), бројот на новороденчиња во првите 6 месеци од оваа година изнесува 384.942, што е намалување од 5 отсто во однос на истиот период лани.