Aida Cako
30 Октомври 2025•Ажурирај: 31 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) - Населбата Арбин во Дамаск, која некогаш беше жива, сега е насип од урнатини по години бомбардирање од режимските сили, јавува Анадолу.
Во период од 2012 до 2018 година Арбин - дел од Источна Гута - беше под опсада и надвор од контролата на режимот, подложена на немилосрдни воздушни и артилериски напади.
По катастрофата, остатоците од уништените згради беа собрани и преместени во центарот на градот, формирајќи вештачки „рид“ со висина приближно колку петкатна зграда на местото што некогаш било детско игралиште.
Жителите го опишуваат огромниот насип од урнатини како „масовна гробница на спомени“, која содржи фрагметни од домови, лични предмети и изгубени животи за време на војната.
„Урнатините не се обична почва, туку спомени на нашите семејства, нашите овоштарници и нашите домови“, рече Ахмад ал-Шеик Хасан, жител на Арбин.
Жителот Мухамед Дарвиш рече дека местото станало „колективна гробница за куќите и животите на луѓето“, симболизирајќи го уништувањето што избришало цели населби и генерации.
Сирија работи на оживување на економијата на земјата преку привлекување инвеститори и потпишување трговски договори со регионалните држави и компании откако Башар ал-Асад избега во Русија кон крајот на 2024 година, со што заврши децениското владеење на партијата Баас од 1963 година.