Паравоените сили на РСФ убија 38 цивили во Судан
- „Овој варварски чин е пример за политиката на РСФ за убиства врз основа на идентитет, тоа е распространето низ цел Судан“, објави мрежата на судански лекари соопштението.
ИСТАНБУЛ (АА) – Суданска медицинска група денес ги обвини паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) за убиство на 38 цивили во село во државата Северен Кордофан, јавува Анадолу.
Мрежата на судански лекари соопшти дека цивилите биле погубени по брза постапка од силите на РСФ вчера во Ум Дам Хаџ Ахмед во Централен Судан.
„Овој варварски чин е пример за политиката на РСФ за убиства врз основа на идентитет, тоа е распространето низ цел Судан“, додаде мрежата во соопштението.
Во него се наведува дека ова „грозоморно злосторство“ е најново во „кампањата за етничко чистење и геноцид што ја спроведуваат РСФ против невини цивили во Северен Кордофан и Дарфур“ во услови на „срамно меѓународно молчење и соучество“.
Мрежата апелираше до меѓународната заедница и до Советот за безбедност на ОН да преземат итни мерки за да ги спречат злосторствата на РСФ и да ги изнесат водачите на бунтовничката група пред лицето на правдата.
Од паравоената група немаше коментар за обвинувањето.
Според Меѓународната организација за миграција (ИОМ), во понеделникот околу 1.850 Суданци ги напуштија своите домови од Северен Кордофан, меѓу кои и 1.000 од областа Ум Дам Хаџ Ахмед поради зголемување на несигурноста.
Паравоената група ја презеде контролата врз градот во понеделникот, еден ден откако го зазеде Ел-Фашер, клучен град во регионот Дарфур, кој беше под опсада од мај 2024 година.
Неколку локални и меѓународни групи известија за масовни убиства, систематско етничко чистење и тортура врз цивилите од бунтовничката група во градот.
Во средата РСФ ги негираше извештаите за егзекуција на над 400 пациенти и здравствени работници во болница во Ел-Фашер.
Според Светската здравствена организација, над 1.200 здравствени работници и пациенти биле убиени, а 416 се повредени во 185 потврдени напади на Репортери без граници од почетокот на војната во Судан во 2023 година.
Од 15 април 2023 година армијата и РСФ се заглавени во војна што многубројни регионални и меѓународни посредници не успеаја да ја завршат. Во конфликтот се убиени околу 20.000 луѓе, а над 15 милиони се раселени како бегалци и внатрешно раселени лица, според извештаите на ОН и локалните извештаи.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
