Oktaj Omeragikj
30 Октомври 2025•Ажурирај: 01 Ноември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Областа Чешме во Измир со богатата подводна фауна и флора, фармите за туна, разните видови ражи и потонатите бродови е позната дестинација за љубителите на нуркачкиот туризам, известува Анадолу.
Во водите на Чешме, кои секоја година ги посетуваат сѐ поголем број нуркачи, може да се видат и ражи со шилести опашки, кои само во ограничен број се забележани во турските води.
Остатоците од потонатиот „Монем“, кои се наменети за нуркачи од сите нивоа, со високата видливост нудат извонредно искуство за нуркање.
Фармите за туна, достапни со посебни дозволи, се меѓу живеалиштата на медитеранската туна синоперка.
Длабоките сини води на Чешме го привлекуваат вниманието на ентузијастите за нуркање и со присуството на октоподи и друг морски свет.