Hakan Çopur
20 Февруари 2021•Ажурирај: 22 Февруари 2021
ВАШИНГТОН
Американската вселенска агенција НАСА ги објави првите фотографии што се снимени со роверот „Упорност“, кој пред два дена слета на Марс и тоа во кратерот „Језеро“, што го доби името по малата босанскохерцеговска општина во близина на Јајце, јавува Агенција Анадолија (АА).
НАСА само 24 часа по слетувањето на роверот објави фотографии на кои јасно се гледа површината на Марс.
„Ова е нешто што претходно не сме го виделе“, порачаа од НАСА.
На роверот „Упорност“ вградени се 25 камери и два микрофони, а наскоро се очекува и објавување на првата аудиоснимка од Марс.
НАСА моментално на Марс има три вселенски ровери. Последниот ровер, „Упорност“, во четвртокот слета во кратерот „Језеро“ и од него најмногу се очекува во потрагата по одговорите на вечните прашања за трагите на животот на црвената планета.
Кратерот „Језеро“ го доби името уште во 2007 година. Во Меѓународната астрономска унија (IAU) се одлучија за тоа име поради сличноста на местата каде што река се влива во Пливското Езеро на локацијата кај Језеро.