Ömer Faruk Yıldız
28 Мај 2019•Ажурирај: 30 Мај 2019
КУАЛА ЛУМПУР (АА) – Еден ученик го загуби својот живот, а најмалку 16 лица се повредени при напад со нож на едно лице врз ученици во градот Кавасаки, Јапонија. Напаѓачот, по извршениот напад врз учениците, се самоубил, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на јапонската телевизија НХК, во индустрискиот град Кавасаки, во близина на главниот град Токио, човек со нож нападнал група ученици од основно училиште кои чекале автобус на автобуската станица.
Напаѓачот на 50-годишна возраст, по нападот на учениците ножот го забодел во својот врат.
Напаѓачот, кој за кратко време бил упасен, починал. Исто така, животот го загубила и една од повредените ученички од основното училиште.
Соопштено е дека при нападот се повредени вкупно 16 ученици, 3 од нив се наоѓаат во критична состојба.
Причината за нападот сѐ уште не е позната.