Emel Gözellik
27 Декември 2020•Ажурирај: 27 Декември 2020
АНКАРА
Во кинеската покраина Љаонинг, сместена во североисточниот дел на земјата, едно лице изврши напад со нож во кој животот го загубија 7 лица, а уште 7 се ранети, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави Глобалната телевизиска мрежа на Кина (CGTN), во градот Каијуан, едно лице со нож ги нападнало луѓето што се наоѓале во близина на еден амам.
Во нападот животот го загубија 7 лица, а уште 7 се ранети.
Напаѓачот е приведен и започната е истрага во врска со настанот.
Во кинеската автономна област Гуангси на народот Џуанг, во јуни, лице од обезбедувањето на една градинка со нож рани 39 лица, претежно деца.
Во последните години во Кина често се забележуваат ваков вид напади во училиштата или на јавни места.