Atila Altuntaş
27 Декември 2020•Ажурирај: 28 Декември 2020
СТОКХОЛМ (АА) - Во Шведска денес започна вакцинацијата против Ковид-19, а првата вакцина ја прими 91-годишна жена која престојува во дом за стари лица, јавува Агенција Анадолија (AA).
Во Шведска вчера стигна првата серија од 4.000 дози на вакцината развиена од „Фајзер“ и „БајоНТех“, а првин ќе бидат вакцинирани корисниците на домовите за стари лица.
Првата вакцина ја прими 91-годишната Гун-Брит Јохнсон, која живее во дом за стари лица во Мјелби.
Во Шведска, каде што властите воведоа многу поблаги мерки за борба против пандемијата, граѓаните што сакаа да ги искористат божиќните попусти поитаа во трговските центри и продавници.
Според податоците на Заводот за јавно здравство, во земјата, која има околу 10 милиони жители, досега од Ковид-19 починале 8.279 лица, а бројот на заразени изнесува 396.048.