Eşref Musa,Ömer Koparan
02 Јануари 2021•Ажурирај: 05 Јануари 2021
РАС ЕЛ АЈН
Според првичните сознанија, две деца загинаа, додека четири цивили се повредени во терористичкиот напад извршен со возило бомба на пазар за зеленчук во подрачјето на Рас ел Ајн, што се наоѓа во северниот дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Возилото бомба експлодирало на пазарот за зеленчук во центарот на Рас ел Ајн.
Според првичните сознанија, во овој терористички напад загинаа 2 деца, додека повредени се 4 цивили.
Повредените се пренесени во околните болници, а пожарот што избувнал како резултат на експлозијата е изгаснат од страна на противпожарните служби.
Војниците на Националната војска на Сирија, како и локалните безбедносни сили, се упатија на местото на настанот, а се претпоставува дека постои можност нападот да бил извршен од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Инаку, центарот на подрачјето на Рас ел Ајн беше исчистен од терористите на 12 октомври 2019 година, во рамки на операцијата „Извор на мирот“.