Sayed Khodaberdi Sadat
06 Јули 2019•Ажурирај: 07 Јули 2019
КАБУЛ (АА) - Две лица смртно настрадаа во бомбашкиот напад врз џамијата „Мухамедија“, која се наоѓа во авганистанската покраина Газни, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на гувернерството на Газни, синоќа за време на вечерна молитва (јација намаз) експлодирала бомба поставена во џамијата „Мухамедија“, која се наоѓа во подрачјето на Хак Гарибан во Газни.
Се вели дека во нападот загинале две лица, додека 20 лица биле повредени.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.