Sayed Khodaberdi Sadat
30 Мај 2018•Ажурирај: 30 Мај 2018
КАБУЛ (АА) - Во напад извршен врз полициска станица во авганистанската покраина Логар смртно настрадаа девет лица, меѓу кои 6 полицајци, додека осум лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полициската дирекција во Логар, Шахпур Ахмадзеј, истакна дека возило бомба експлодирало на влезот од полициската дирекција во градот Пул Алем, додека тројца напаѓачи влегле во станицата и отвориле оган врз полицајците.
Ахмадзеј нагласи дека во судирот се неутрализирани тројцата напаѓачи. Тој изјави дека животот го загубиле шест полицајци, а повредени се осум лица, меѓу кои има и цивили.
Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот.