Esat Fırat
29 Мај 2018•Ажурирај: 30 Мај 2018
ЕРУСАЛИМ (AA) - Израелската војска соопшти дека крајбрежната стража запленила брод кој претходно денеска исплови од пристаништето во Газа во обид да се пробијат децениските блокади во тој палестински регион, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската војска се наведува дека бродот е усидрен во израелското пристаниште Ашдод.
„Бродот на кој се наоѓаа 17 лица, кој исплови од Газа, се обиде да ја наруши морската граница. Бродот заедно со посадата подоцна е усидрен во пристаништето Ашдод", се наведува во соопштението.
Додаде дека лицата кои се наоѓаат на бродот ќе бидат вратени во Газа, додека болните и ранетите лица, кои се наоѓаа на бродот во обид да се лечат во странство ќе бидат лекувани.
Палестинските власти денеска соопштија дека изгубиле контакт со бродовите кои денеска испловиле од пристаниште во Газа во обид да ги пробијат децениските израелски блокади.
Етхем Ебу Силимије, гласноговорник на Комисијата за завршување на окупацијата и обнова, во соопштението наведе дека израелските сили претходно ги опколиле бродовите.
Потсетуваме, брод со 20 Палестинци исплови денеска од пристаништето во Газа во обид да ги пробие израелските блокади во тој палестински регион.
На бродот пловат палестински активисти, болни луѓе и ранети кои сакаат да се лечат во странство.
Во придружба на бродот запловија и неколку помали пловила кои и пркосат на израелската копнена и поморска бригада која Газа од 2007 година ја доведе до хуманитарна катастрофа.
Денешниот обид на мирно пробивање на израелската блокада организиран е на осмата годишнина од инцидентот Мави Мармара во текот на кој израелските сили убија 9 турски активисти, а еден активист од Турција кој беше ранет почина четири години подоцна.