Nour Mahd Ali Abu Aisha,Zeynep Tüfekçi
29 Мај 2018•Ажурирај: 29 Мај 2018
ГАЗА (AA) - Палестинските власти соопштија дека изгубиле контакт со бродовите кои денеска испловија од пристаништето во Газа во обид да ги пробијат децениските израелски блокади во тој палестински регион, јавува Anadolu Agency (AA).
Етхем Ебу Силмије, гласноговорник на Комисијата за завршување на окупацијата и обнова, во соопштението наведе дека израелските сили ги опколиле бродовите кои испловиле од пристаништето во Газа.
Истакна дека во еден момент израелските морнарици ги опколиле бродовите со кои, како што наведе, веќе некое не можат да стапат во контакт.
Додаде дека Израел е одговорен за безбедноста на животите на палестинските активисти кои се наоѓаат на бродовите.
Апелираше на меѓународната заедница да ја пружи потребната безбедност и заштита на активистите на бродовите.
Потсетуваме, брод со 20 Палестинци исплови денеска од пристаништето во Газа во обид да ги пробие израелските блокади во тој палестински регион.
На бродот пловат палестински активисти, болни луѓе и ранети кои сакаат да се лечат во странство.
Во придружба на бродот запловија и неколку помали пловила кои и пркосат на израелската копнена и поморска бригада која Газа од 2007 година ја доведе до хуманитарна катастрофа.
Денешниот обид на мирно пробивање на израелската блокада организиран е на осмата годишнина од инцидентот Мави Мармара во текот на кој израелските сили убија 9 турски активисти, а еден активист од Турција кој беше ранет почина четири години подоцна.