Fatma Bülbül
30 Март 2017•Ажурирај: 30 Март 2017
БАГДАД (АА) - Најмалку 15 лица загинаа, додека 26 се повредени во експлозија на автомобил-бомба врз контролен пункт на јужниот влез во главниот град на Ирак, соопштија безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Изворoт, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека голем број амбулатни возила се упатени на местото на настанот.
Засега ниедна група не презеде одговорност за нападот.
Бомбашките напади, кои најчесто се вршат со помош на возила наполнети со експлозив, се зачестени во последно време во Багдад.
Властите за нападите, во кои воглавно страдаат цивили, најчесто ја обвинуваат терористичката организација ДЕАШ која од 2014 година држи дел од територијата во северниот и западниот дел на Ирак.