Nazir Aliyev Tayfur
24 Март 2022•Ажурирај: 25 Март 2022
КИЕВ (АА) - Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук соопшти дека илјадници украински цивили биле евакуирани вчера од градовите Мариупол и Гуљајполе, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Преку својот профил на една од социјалните мрежи, Верешчук истакна дека седум од девет коридори за евакуација биле користени за изнесување цивили од конфликтните зони.
„Вкупно 4.554 луѓе се евакуирани, вклучително 2.912 кои со свои возила заминаа од Мариупол во градот Запорожје и околу 60 тони хуманитарна помош беа дистрибуирани низ различни градови“, рече таа.
Војната на Русија врз Украина, која започна на 24 февруари, наиде на меѓународна осуда, а ЕУ, САД и Велика Британија, меѓу другите, воведоа строги финансиски санкции кон Москва.
Најмалку 977 цивили загинаа во текот на војната и 1.594 се повредени, според проценките на ОН.
Според Агенцијата за бегалци на ОН, Украина ја напуштиле 3,6 милиони луѓе кои пребегале во соседните земји.