Şenhan Bolelli
22 Ноември 2019•Ажурирај: 23 Ноември 2019
МАДРИД (АА) - Европските невладини организации (NVO) бараат безбедно пристаниште од земјите членки на Европската Унија (ЕУ) за 276 непријавени мигранти, кои ги спасија во водите на Медитеранот во последните четири часа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Невладината организација „Хуманитарно спасување“, поврзана со рибарската компанија „Аита Мари“, која делува во регионот на Баскија во Шпанија, објави дека еден нејзин брод во Медитеранот синоќа спасил 78 непријавени мигранти.
Според информациите на шпанската невладина организација, меѓу спасените има и шест жени и девет деца.
Со последната акција за спасување, бројот на непријавени мигранти спасени од страна на европските невладини организации во Медитеранот во последните четири дена се зголеми на 276.
Шпанскиот хуманитарен брод „Опен армс“ спаси 73 мигранти во близина на либискиот брег. Невладината организација „Проактива опен армс“ („Proactiva Open Arms“) соопшти во четвртокот дека меѓу спасените мигранти четири се жени, две деца и 24 малолетници без придружба.
Организацијата соопшти дека мигрантите имале прострелни рани, трауми и сериозна хипотермија.
Уште еден хуманитарен брод „Оушан вајкинг“ во средата близу либискиот брег спаси 30 лица од чамец.
Шпанската невладина организација им помага на мигрантите и напоменува дека тие нема да бидат безбедни во случај на враќање во Либија.