Над 1.000 загинати во лизгање на земјиштето во село во западен Судан
Според соопштеното, целото население на селото Тарсин во планините Мара загинало откако обилните дождови предизвикале лизгање на земјиштето

ИСТАНБУЛ (АА) - Повеќе од 1.000 жители ги загубија животите во лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови во село во Дарфур, западен Судан, пренесува Анадолу.
Движењето/Армијата за ослободување на Судан (SLM/A), групата што ја контролира областа, преку соопштение истакна дека целото население на селото Тарсин во планините Мара загинало на 31 август, откако обилните дождови предизвикале лизгање на земјиштето.
Само едно лице ја преживеало катастрофата, соопшти групата.
До утрово нема потврда од страна на суданската Влада.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.