Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout,Mahmut Geldi
11 Април 2024•Ажурирај: 13 Април 2024
АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Повеќе од 100 жени во израелската војска не прифатиле да служат во единицата за надзор на границата, пренесува Анадолу.
Според весникот „Једиот Ахронот“, израелската војска и понатаму има тешкотии да најде жени војници што ќе служат во единицата за надзор, иако поминаа шест месеци од нападот на Хамас на 7 октомври.
Во вестите се наведува дека жените во воена служба не се согласиле да ги напуштат своите бази и да служат во единицата за граничен надзор.
„Половина од жените во војската, чиј број оваа недела достигна 346, првично одбиле да одат во базите за обука. Според сегашните податоци што денес ги објави војската, околу 116 жени во војската добиле директиви да одат на обука“, е објавено.
Се наведува и дека не се очекува жените во војската што ќе одбијат да одат во единицата за надзор да добијат затворска казна.
Објавено е дека војниците се плашат да служат во некои единици откако десетици војници беа киднапирани во нападот на Хамас на 7 октомври.
Единицата за надзор во израелската војска ги прегледува снимките направени од безбедносните камери и беспилотните летала распоредени на границата.