свет

Втор ден од Бајрам: Израелската армија нападна три града во јужниот дел на Либан

Израелски воени авиони извршиле напади во градовите Дајра, Таир Харфа и Џебајн

Ahmed Asmar  | 11.04.2024 - Обновена : 12.04.2024
Втор ден од Бајрам: Израелската армија нападна три града во јужниот дел на Либан

ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската армија денес нападна три града во областа Тир, во јужниот дел на Либан, на вториот ден од муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, пренесува Анадолу.

Според државната либанска новинска агенција, израелски воени авиони извршиле напади во градовите Дајра, Таир Харфа и Џебајн.

Нема извештаи за жртви во израелските воздушни напади.

Тензиите се разгореа по должината на границата меѓу Либан и Израел во услови на повремена размена на оган меѓу израелските сили и Хезболах, во најсмртоносните судири откако двете страни водеа војна во полн обем во 2006 година.

Ескалацијата се случи во време на израелската воена офанзива во Појасот Газа во која загинаа 33.545 Палестинци по нападот на Хамас минатиот октомври.

Либанските власти соопштија дека најмалку 313 луѓе се убиени, 1.000 повредени и околу 100.000 раселени од израелските напади во Јужен Либан од 8 октомври 2023 година.

Според израелските податоци, околу 20 Израелци загинале во нападите на Хезболах.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın