Gamze Türkoğlu Oğuz
12 Ноември 2020•Ажурирај: 13 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Се тврди дека американксиот Стејт департментот не ги пренесувал пораките од странските државници кои стигнувале до новоизбраниот претседател Џо Бајден, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот на „Си-ен-ен“ (CNN), заснован на претставници на американскиот Стејт департмент, се наведува дека Министерството, кое нормално треба да дејствува како посредник во комуникацијата помеѓу избраниот претседател и светските лидери, не ја исполнило оваа задача и дека државниот секретар Мајк Помпео ги блокирал пораките кои пристигнале до Бајден.
Се наведува дека поради опструкцијата на Стејт департментот, некои странски владини функционери морале директно да контактираат со службеници од времето на Барак Обама или преку други канали за да се обидат да стигнат до Бајден.
Американскиот државен секретар Помпео, на прашањето дали ќе има непречен процес на транзиција со екипата на Бајден, рече: „Ќе има непречена транзиција кон вториот мандат на администрацијата на Трамп. Ние сме подготвени. Светот гледа што се случува тука. Ќе ги преброиме сите гласови.“
Во меѓувреме, многу лидери му честитаа на Бајден преку телефон, писмо или пораки што ги објавија на платформите на социјалните мрежи.
Во САД сѐ уште продолжуваат дискусиите за резултатите од претседателските избори одржани на 3 ноември. Според неофицијалните резултати, Бајден, кој победи на изборите, стигна до 279 делегати и се очекува да ја преземе функцијата на 20 јануари 2021 година.