Dmitri Chirciu
12 Ноември 2020•Ажурирај: 13 Ноември 2020
МОСКВА
Во Русија во последните 24 часа од Ковид-19 животот го загубија 439 лица, што е рекордна бројка на смртни случаи од Ковид-19 во едно деноноќие во оваа земја. Со што вкупната бројка на починати се зголеми на над 32.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 21.608 нов случај на Ковид-19.
Со ова, вкупниот број на дијагностицирани случаи на заразеност со коронавирус се зголеми на 1.858.568.
Оздравеа уште 18.811 лицa, со што вкупниот број на оздравени лица од почетокот на пандемијата во земјата изнесува 1.388.168.
Во последните 24 часа од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 починаа уште 439 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 32.032.
Досега во Русија се направени над 66,7 милион тестирања за Ковид-19.