Ahmet Gençtürk
18 Август 2022•Ажурирај: 22 Август 2022
АНКАРА (АА) - Денеска стапи на сила визната забрана на Естонија за руските туристи, јавуваат локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„На руските државјани кои поседуваат шенген-визи издадени од Естонија за туристички, деловни, спортски или културни цели, нема да им биде дозволено да ја преминат границата на балтичката земја“, објави јавната телевизија ЕРР (ERR).
„Русите чија виза била издадена од друга членка на шенген-зоната или кои веќе биле во шенген-зоната, и понатаму ќе можат да влегуваат во земјата која ја дели границата со Русија“, се додава во веста.
Некои исклучоци од мерката вклучуваат руски дипломати кои работат во Естонија и нивните семејства, лица на кои им е дозволен влез врз основа на правото на ЕУ, персонал кој работи во меѓународниот транспорт на стоки и патници и луѓе за кои Талин смета дека се подобни за виза од хуманитарни причини.
Руските државјани кои сакаат да посетат блиски роднини кои живеат во Естонија како постојани жители или граѓани, исто така, се ослободени.
Министерот за внатрешни работи, Лаури Ланеметс, рече дека забраната е воведена поради тековната руска војна против Украина.