Nilay Kar
27 Август 2019•Ажурирај: 27 Август 2019
ИСТАНБУЛ (AA) – „Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, во среда ќе престојува во официјална посета на Естонија“, соопшти Министерството, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека Чавушоглу ќе се состане со премиерот на Естонија, Јуриј Ратас, и со колегата Урмас Реинсаул.
„Во текот на состаноците ќе биде разговарано за сите аспекти на турско-естонските односи и можностите за идна соработка на двете земји“, се наведува во соопштението.
Кажано е и дека ќе биде разговарано за соработката во рамките на НАТО, за патот на Турција кон членство во Европската Унија (ЕУ) и за регионалните и меѓународните прашања.
Турција наведува дека Естонија во текот на претседавањето со Европската Унија (ЕУ) покажа конструктивен пристап и се обиде да го продолжи дијалогот помеѓу Турција и ЕУ.