Ekip
09 Март 2018•Ажурирај: 10 Март 2018
ВАТИКАН (АА) - Ватикан објави дека папата Франциско од 22 септември до 25 септември оваа година ќе ги посети Литванија, Летонија и Естонија кои ја прославуваат 100-годишнината од прогласувањето независност, јавува Anadolu Agency (AA).
Ватикан потврди дека за време на патувањето Франциско ќе ги посети Вилнус и Каунас во Литванија, Рига и Аглон во Летонија и Талин во Естонија.
Литванија има најголем католичко население на Балтикот. Од три милиони жители, во земјата живеат повеќе од 75 проценти католици.
Трите балтички земји прогласија независност во 1918 година, но во четириесеттите години од минатиот век тие беа вклучени во Сојузот на Советски Социјалистички Републики (СССР), во кој беа се до 1991 година до повторното добивање независност.
Во 2018 година, папата Франциско потврди уште едно патување во Женева во јуни. Се очекува да отпатува во август во Република Ирска, каде што треба да присуствува на Светскиот состанок на семејството.