Pizaro Gozali Idrus
23 Март 2021•Ажурирај: 24 Март 2021
ЏАКАРТА
Најмалку 261 лице се убиени во Мјанмар од почетокот на воениот пуч минатиот месец, соопшти Здружението за помош на политички затвореници, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Вкупниот број на жртви е веројатно многу повисок. Ние ќе продолжиме со додавање на бројот на жртвите“, соопштија од Здружението.
На протестите против пучот вкупно 2.682 лица се приведени, обвинети или осудени.
„Во оваа акција, воената хунта користи боева муниција и извршува напади, апсења и киднапирања“, се додава во соопштението.
„Тие го прават ова за да посеат страв, но луѓето продолжуваат да протестираат“, соопшти Здружението.
Армијата на Мјанмар ја презеде власта на 1 февруари, соборувајќи ја избраната Влада на Аунг Сан Су Чи и со тоа стави крај на краткиот експеримент со демократско владеење на земјата.
Како одговор на државниот удар, цивилните групи низ целата земја започнаа кампања за граѓанска непослушност со масовни демонстрации.