свет

Мутаноглу: „Западните медиуми водеа активности со цел клеветење на Турција“

„Во текот на операцијата „Извор на мирот“, особено западните медиуми, како некоја истурена линија на ЈПГ/ПКК застанаа во ред против Турција“, рече заменик-генералниот директор на АА Метин Мутаноглу на панел-дискусија во Анкара

Barış Gündoğan  | 08.12.2019 - Обновена : 09.12.2019
Мутаноглу: „Западните медиуми водеа активности со цел клеветење на Турција“

АНКАРА (AA) - Во текот на операцијата „Извор на мирот“, особено западните медиуми, како некоја истурена линија на ЈПГ/ПКК застанаа во ред против Турција. Ниту еден претставник на западните медиуми не може да нѐ учи новинарство. Во потполност ги заборавија сите вредности и водеа активности со цел клеветење на Турција, изјави заменик-генералниот директор на Агенција Анадолија (АА), Метин Мутаноглу на панел-дискусија во Анкара.

Мутаноглу говореше за начинот на кој меѓународните медиуми известуваа и каков став зазедоа наспроти Турција во процесот кој започна со операцијата „Маслинова гранка“.

Додаде дека искуството стекнато во претходниот период придонело кон тоа да можеле да предвидат дека и овој пат ќе биде иницирана кампања на клевета која започна и во текот на операцијата „Маслинова гранка“, поради што во Агенцијата е формиран посебен тим луѓе кои ќе укажуваат на таа кампања.

Според него, вработените на АА дневно откривале и по три-четири такви вести.

„Повеќемина користеа фотографии настанати во текот на масакрот кој Асадовиот режим го вршел над цивилите. Ние тоа го видовме на примерот за време на операцијата „Маслинова гранка“, па можевме и да очекуваме дека истото ќе се повтори и во контекст на операцијата „Извор на мирот“, поради што повторно формиравме екипа. Таа наша екипа повторно воочи многу пласирани лаги“, рече Мутаноглу.

Додаде дека западните медиуми го погазиле основното правило на новинарството - проверка на фактите.

„Во текот на операцијата „Извор на мирот“, особено западните медиуми, како некоја истурена линија на ЈПГ/ПКК застанаа во ред против Турција“, рече Мутаноглу.

Потсети дека во текот на период од 13-14 дена многу често се користени термините „напад“, „окупација“, „масакр“, „етничко чистење“...

Мутаноглу се осврна и на изданието на модното списание „Мери Клер“ (Marie Claire), на чија насловна страница се нашле терористки на ЈПГ.

Порача дека е потребно добро да се анализира едно такво издание и додаде дека споменатото списание се обидело да придобие симпатии кон терористките, истакнувајќи ги нивните фотографии на насловната страница.

Учесничка на панелот беше и една од главните советнички на турскиот претседател, Садет Оруч, која рече дека меѓународните медиуми го поддржуваат она за што ќе се одлучат меѓународните актери.

„Ако ПКК која пред 20 години за западните медиуми беше терористичка група, денес се претвори во терминот „Курди“ - тоа треба добро да се анализира“, смета Оруч.

Додаде дека западните земји ѝ пружаат најголема поддршка на ЈПГ/ПК и дека меѓународните медиуми добиле лоши оценки за борбата против тероризмот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.