Haydar Hadi
09 Декември 2016•Ажурирај: 10 Декември 2016
БАГДАД (АА) - Од 2014 година, кога во ирачкиот град Мосул влегоа силите на терористичката организација ДЕАШ, срушени се 104 џамии, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на Фондацијата на сунитот во Мосул, Ебу Бекир Кенан за АА изјави дека членовите на ДЕАШ во потполност срушиле 37 џамии од историско значење за тој град.
Тој појасни дека срушените џамии се изградени на места каде се наоѓаат мезарите и турбето. Кенан потврди дека 67 џамии се срушени како последица на жестоки бомбардирања и воени акции.
Според неговите зборови, рушењето на овие верски објекти е голем губиток за долгогодишната историја на овој ирачки град.
Покрај џамиите уништени се и неколку турбиња кои се мета на членовите на ДЕАШ, покрај верските објекти.
Членовите на терористичката организација ДЕАШ на 10 јуни 2014 година зазедоа контрола над Мосул откако од него се повлекоа ирачките сили.
Ирачките сили на 17 октомври започнаа акција на ослободување на Мосул а од тогаш во источниот дел на градот доаѓа до чести судири со терористи на ДЕАШ.