Kübra Chohan
30 Јули 2018•Ажурирај: 31 Јули 2018
КОТАБАТО (AA) - Фронтот за спас на муслиманите Моро (MILF) денес соопшти дека сакаат континуирана поддршка од Турција по неодамнешното одобрување на Законот за сеопфатна автономија на муслиманите Моро во покраината на подрачјето Бангсаморо, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседавачот со Фронтот за спас, Ал Хаџ Мурад Ибрахим, за АА изјави дека Турција официјално учествувала во мировниот процес со Владата на Филипините како трета страна.
Ебрахим изјави дека досега 200 студенти се образуваат во Турција и ги нагласи придонесите на Турската хуманитарна организација (ИХХ) и турската фондација „Дијанет“ (TDV), поврзани со Турската канцеларија за верски работи во регионот.
„Јавноста сака решавање на проблемите“, додаде Ибрахим.
Моро е муслиманска заедница која живее на Минданао, Палаван, Сулу и други јужни филипински острови. Сочинуваат околу 11 отсто од населението на Филипините, а исламот го прифатиле во 14 век.
Муслиманите Моро, околу 10 милиони од нив, претежно живеат на подрачјето на Магинданао, Јужен Ланао, Сулу, Тави-Тави и Басилан.
Законот предвидува правни и економски повластувања на муслиманите во тој регион, а ќе обезбеди и поширока автономија на покраината Минданао.
На овој начин ќе биде воспоставена и автономна влада Бангсаморо. Ќе бидат отворени и независни судови кои ќе се занимаваат со верските слободи на тоа подрачје. Централната власт ќе бие предадена на владата на Бангсаморо.
Ќе биде формирано и Собрание од 80 лица, од кое поголемиот дел ќе се состои од членовите на Исламскиот ослободувачки фронт. Меѓу себе ќе бираат премиер.
Во 40-годишните судири на филипинските власти и муслиманите Моро на подрачјето на Минданао, каде што живеат околу пет милиони муслимани, животот го загубија повеќе од 120.000 лица, а два милиони беа принудени да ги напуштат своите домови.