Dildar Baykan Atalay
01 Септември 2022•Ажурирај: 02 Септември 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Федералниот суд во американската сојузна држава Тексас го овласти Министерството за правда да заплени авион вреден 45 милиони долари на руската нафтена компанија „ПЈСК Лукоил“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според одлуката на Јужниот окружен суд во Тексас, Министерството за правда ќе може да го конфискува авионот „Боинг 737-7EM“, што му припаѓа на „ПЈСК Лукоил“.
Во одлуката се нагласува дека авионот патувал за Русија, заобиколувајќи ги санкциите на американското Министерство за трговија против Русија.
Во писмената изјава на американското Министерство за правда се наведува дека Министерството за трговија воведе санкции кон Русија за нејзините напади врз Украина на почетокот на годината.
Меѓу другото, се посочува дека на Русија ѝ се наметнати контроли на извозот и обврски за лиценци заради заштита на Националната безбедност и надворешнополитичките интереси на САД.