Abdelrahman Fathy Ramadan Mohamed,Hacer Başer
18 Јуни 2021•Ажурирај: 21 Јуни 2021
ТРИПОЛИ (АА) - Милициите поврзани со Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните сили во источна Либија, соопштија дека започнале воена операција против терористите на југот на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на милициите на Хафтар се наведува дека е дадена наредба да се испраќаат трупи за поддршка на силите на југот.
Исто така се истакнува дека операцијата има за цел фаќање терористи и депортирање африкански платеници кои ја загрозуваат безбедноста и стабилноста на земјата, и организираат грабежи и секаков друг вид шверц.
Се додава дека со возила бомби ги напаѓаат безбедносните пунктови на западниот дел на земјата.
Капетанот Ел Абас Али Месуд и капетанот Ибрахим Абдунеби ел Хејали, офицери на Бирото за убиства, ги загубија своите животи, а четири лица беа повредени, од кои едно потешко, во самоубиствен напад врз безбедносен пункт во јужниот дел на земјата извршен на 6 јуни со возило бомба.
Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ.