Bedrudin Brlyavac
04 Јуни 2017•Ажурирај: 04 Јуни 2017
ЛОНДОН (АА) - Британската премиерка Тереза Меј изјави дека страшниот инцидент во Лондон се третира како потенцијален терористички акт, јавува Anadolu Agency (AA).
Меј ќе претседава денес со итниот состанок на владиниот одбор по повод инцидентите кои се случија синоќа во Лондон, во коишто загина повеќе од едно лице.
Премиерката е во постојан контакт со безбедносните претставници кои ја информираат за развојот на настаните. Лондонската полиција ги повикува граѓаните да останат смирени, но да бидат внимателни.
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека е покрај Велика Британија и нејзиниот народ.
„Ќе направиме сѐ што можеме за да му помогнеме на Лондон и на Велика Британија. Ние сме со вас, Бог да ве благослови“, напиша Трамп на Твитер.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека ги следат настаните во Лондон, и ги советува американските државјани во Велика Британија да ги слушаат инструкциите на локалните власти.
Полицијата синоќа прво доби информација за возило што што се втурнало кон пешаци на Лондонскиот мост. Кратко потоа беше известена и за напад во близина на улицата Бороу. Третиот инцидент се случи во Вауксхал, оддалечен повеќе од една милја од овие настани.