Ekipa
01 Февруари 2017•Ажурирај: 01 Февруари 2017
ЛОНДОН (АА) - Британската премиерка Тереза Меј денес изјави дека забраната на Доналд Трамп за бегалците е „разделувачка и погрешна“, четири дена откако таа инсистираше дека тоа е прашање за Владата на САД, пренесува Anadolu Agency (AA).
Забраната на Трамп за влез во САД на граѓаните од седум муслимански земји во период од 90 дена и за бегалците во период од 120 дена, предизвика протести во Велика Британија, но исто така и повици да се оневозможи посетата на Трамп во Лондон, која е планирата за крајот на овој месец.
За време на престојот во официјална посета на Турција, во саботата, Меј на прашањето за забраната на Трамп за бегалците изјави: „САД се одговорни за нивната политиката за бегалците“.
Но, денес британската премиерка пред пратениците во Долниот дом рече: „Оваа влада е јасна во процената дека таквата политика е погрешна. Нема да направиме такво нешто. Веруваме дека е разделувачка и погрешна“.