Erbil Başay
13 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
БЕРЛИН (АА) – Состаноците на германската канцеларка Меркел со српскиот претседател, Александар Вучиќ, и со премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, планирани за следната недела, ќе се одржат преку видеоконференција поради новиот вид коронавирус Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт, посочувајќи дека Меркел ќе се состане со Вучиќ во понеделник, нагласи: „Средбата беше планирана во Берлин. Сега, во согласност со двете страни, средбата ќе се одржи преку видеоконференција. Видеоконференцијата ќе биде одржана во понеделник во пладневните часови.“
Зајберт исто така наведе дека средбата на Меркел со премиерот на Луксембург, Бетел, која била планирана да се одржи во четврток во Берлин, ќе се одржи преку видеоконференција.
Во однос на средбата помеѓу Меркел и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, што треба да се одржи идната недела во Турција, Зајберт рече: „Можната средба со претседателот Ердоган сè уште е во процес на планирање.“