Şenhan Bolelli
13 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
МАДРИД (АА) - Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека бројот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во земјата се искачи на 120 лица, а бројот на заразени лица се искачи на 4.200, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството преку соопштение објави ажурирани информации во врска со Ковид-19, во кое се наведува дека бројот на починати се искачил на 120 лица.
Министерството нагласи дека бројот на откриени случаи изнесува 4.200.
Од починатите 64 се во Мадрид, каде што се откриени 2.078 случаи.
Во шпанскиот главен град е донесена одлука за затворање на училиштата, универзитетите, музеите, театрите, социјалните центри, рестораните, дискотеките и кафулињата.