Ayhan Mehmet
13 Март 2020•Ажурирај: 14 Март 2020
ЛЕЗБОС (АА) - Меѓународната хуманитарна група „Лекари без граници“ (Medecins Sans Frontieres - MSF) предупреди на опасноста од коронавирусот во пренатрупаните бегалски кампови на грчките острови, каде што голем број мигранти престојуваат во многу лоши услови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Поради една жена, која е позитивна на коронавирусот во Лезбос, побараа мигрантите од кампот „Морија“ да бидат преместени на безбедно подрачје.
Од „Лекари без граници“ наведоа дека нехигиенските услови и ограничениот пристап до здравствените услуги се погодно тло за ширење на вирусот.
„Во некои места во кампот има само една славина за 1.300 лица. Во некои шатори престојуваат 10 лица. Во тие услови е речиси невозможно да се спроведат препорачаните мерки за борба против вирусот во кампот Морија“, истакнаа од „Лекари без граници“.
Наведоа дека мигрантите ќе останат под висок ризик од вирусот сè додека останат во камповите како што е „Морија“ и ги предупредија грчките власти веднаш да ги преместат мигрантите на безбедни места.
Во местото Пломари со коронавирусот е заразена 40-годишна жена.