Ayhan Şimşek
10 Април 2018•Ажурирај: 11 Април 2018
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Берлин изјави дека доказите јасно покажуваат дека во нападот на Дума, во Сирија се користело хемиско оружје, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Доказите јасно и експлицитно покажуваат дека таму се користело хемиско оружје. Тоа може повторно да се провери, но нема да ни помогне во осудата на овој инцидент", рече Меркел, осврнувајќи се на нападот во саботата во Источна Гута при што загинаа 78 лица.
Германската канцеларка на денешната прес-конференција во Берлин изрази скептицизам кога станува збор за предлогот на Русија во Сирија да се испрати тим од меѓународни експерти за да се провери дали во нападот е употребувано хемиско оружје.
Таа повика на посилен меѓународен став и усвојување на резолуцијата во Советот за безбедност на ОН, која во иднина би можела да ги спречи ваквите напади во Сирија.
Германската канцеларка во понеделник разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, кој, како што е наведено во соопштението на Кремљ, и го привлече вниманието на неприфатливата провокација и шпекулации за употреба на хемиско оружје во Сирија.